ЦЕЛОСНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
За постапката за обновување на Болницата во Мокриево да биде целосно транспарентна, одлучивме проектот да го водиме преку здружението „Renoviranje Bolnica Mokrievo“, основано во Швајцарија од страна на Бобан Ангелов и Тања Ангелова.
Иако со тоа преземаме дополнителни административни и правни обврски, сметаме дека ова е најдобриот начин секој донатор да биде информиран за собраните средства и нивната употреба. На оваа веб-страница ќе ги објавуваме донациите и редовно ќе го ажурираме вкупниот собран износ.
Секоја исплата од средствата на здружението ќе биде поткрепена со соодветен документ, како фактура, договор, понуда, потврда или друг доказ за извршената услуга, набавка или работа. Финансиската и административната документација ќе се архивира.
Сметководството на здружението ќе се води во согласност со важечките правила во Швајцарија. Документацијата ќе се доставува до надлежните органи кога тоа е законски потребно. Средствата ќе се користат исклучиво за целите утврдени во статутот на здружението, односно за проектот за санација на Болницата во Мокриево.
На оваа страница ги објавуваме и документите за основање на здружението, за секој заинтересиран да може да ги прочита и да провери според кои правила тоа работи. На тој начин проектот ќе биде отворен, проверлив и документиран од почеток до крај.